Силвио Берлускони боледува од леукемија

Фото: Профимедиа

Поранешниот италијански премиер Силвио Берлускони има леукемија, пишуваат „Кориере дела Сера“ и „Ројтерс“ повикувајќи се на свои извори.

Му била дијагностицирана леукемија откако вчера повторно заврши во болница со проблеми со дишењето.

„Тој е во стабилна состојба“, изјави братот на Берлускони, Паоло, откако вчера го посети.

86-годишниот Берлускони во последните месеци неколку пати беше во болница, но секогаш излегуваше по неколку дена.

„Ројтерс“ потсетува дека партијата Форца Италија на Берлускони е дел од десничарската коалиција на премиерката Џорџа Мелони, но дека тој нема никаква улога во владата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот