Силниот ветер трамонтана донесе огромни бранови и уништи повеќе пловила во Далмација (ВИДЕО)

Фото: Принтскрин/Dalmacija Danas

Силен олујен ветер ја погоди Далмација и предизвика големи бранови и висока плима, поради што бројни чамци беа исфрлени на брегот.

Силниот ветер трамонтана со брзина од 100 километри на час ја погоди Хрватска, а како што пренесе „Далмација данас“, пробем се појавил поради тоа што поголемиот дел од пристаништата не се заштитени.

Како што се наведува, потонати се неколку бродови, а одредени острови биле отсечени од брегот поради прекин на морскиот сообраќај.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот