Силен земјотрес на границата меѓу Киргистан и Кина

фото: Земјотрес, магнитуда

Земјотрес со јачина од 5,8 степени според Рихтеровата скала денеска ја погоди пограничната област на Киргистан и кинеската област Синџијанг, соопшти германскиот истражувачки центар за геонауки (ГФЗ).

Земјотресот бил на длабочина од 10 километри, додава ГФЗ.

Засега нема информации за повредени или штети.

И минатиот месец имаше силен земјотрес на границата Кина-Киргистан, а на социјалните мрежи се појавија снимки на кои се гледа како луѓето кои живеат во овие области масовно ги напуштаат своите домови.

Се појавија и други снимки на кои се гледаше дека тлото се тресе, според пишувањата и со магнитуда и над 7 степени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот