Силен земјотрес ја погоди БиХ

Земјотрес / Фото: Илустрација

Денеска околу 10:30 часот силен земјотрес со јачина од 4,5 степени според Рихтеровата скала е регистриран на седум километри од Груд во Босна и Херцеговина.

Според Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC), земјотресот бил со јачина од 4,5 степени според Рихтеровата скала на длабочина од осум километри.

Земјотресот е регистриран на седум километри од Груд и на 39 километри од Мостар.

Според сведоштвата на граѓаните, земјотресот бил силен и траел 10-15 секунди, пренесува Кликс.ба.

„Силен татнеж“, „Силен земјотрес“, „Добро се затресе“, „Непријатно силен“…ова се само дел од коментарите на сведоци на земјотресот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот