Сијатро: Одлуката за „Северен тек 2“ не треба да е политичка

Унгарски министер за надворешни работи, Петер Сијатро/ Фото EPA-EFE/Tibor Illyes HUNGARY OUT

Одлуката за сертифицирање на „Северен тек 2” треба да се заснова на правилата на ЕУ и професионален пристап, а не на политички проценки, изјави унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто.

„Има многу јасни европски правила кои треба да се спроведат. Проблемот, според мене, е што одлуката во овој случај ќе биде донесена врз основа на политички, а не на професионални размислувања. Со ‘Северен тек 2’, проблемот е ист како и со ‘Спутник В’ – се разгледува од политичка гледна точка. Уште еднаш нагласувам: за нас како мала европска земја без сопствен извор на енергија, ова никогаш не било политичко прашање, туку прашање на енергетска безбедност, рече Сијарто во интервју за агенцијата ТАСС.

Тој изрази надеж дека „германските и европските власти ќе одлучат за ова прашање врз основа на професионалноста и важечките правила”.

Изградбата на гасоводот „Северен тек 2″ беше целосно завршена на 10 септември 2021 година.

За да може гасоводот да биде пуштен во употреба, „Северен тек 2″ треба да биде регистриран како независен транспортен оператор. На 16 ноември 2021 година, германската Федерална агенција за мрежа ја суспендираше сертификацијата поради организациски и правни проблеми. Регулаторот наведе дека процесот ќе продолжи кога компанијата, со седиште во швајцарскиот град Цуг, ќе ги пренесе основните средства поврзани со германскиот сегмент на германската подружница.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот