Си во посета на Виетнам во обид да воспостави поголемо кинеско влијание во таа земја

Си Џипинг во посета на Виетнам / Фото EPA-EFE/LUONG THAI LINH

Кинескиот претседател Си Џинпинг денеска ја започна дводневната посета на Виетнам за да ги унапреди врските меѓу комунистичките земји три месеци по патувањето на американскиот претседател Џо Бајден во Ханој, додека големите сили се борат за поголемо влијание во оваа југоисточна азиска земја.

На своето прво патување во Виетнам по шест години, Си беше пречекан на аеродромот во Ханој од премиерот Фам Мин Чин, а луѓето на пат до неговиот хотел вееја знамиња на двете земји, покажаа сликите на државните медиуми.

Си Џипинг во посета на Виетнам / Фото EPA-EFE/LUONG THAI LINH

И покрај многу блиските врски на економскиот фронт, соседите беа во несогласувања околу границите во Јужното Кинеско Море и имаат милениумска историја на конфликти, потсетува Ројтерс.

„Иднината на Азија не е во рацете на никој освен Азијците. Ние имаме заедничка иднина“, вели Си.

Во исто време, тој предупреди да не се зголемува „хегемонизмот“ во светот, во очигледна референца за Соединетите држави, иако не ги именуваше.

Посетата на Си беше одложена и поради долгите разговори за употребата на фразата „заедничка судбина“, посилна, кинеска интерпретација на фразата што Пекинг ја фаворизира за да ги опише врските меѓу двете страни, изјавија официјални лица и дипломати.

Со месеци во планирањето, посетата накратко дури се сметаше дека е закажана пред патувањето на Бајден, рекоа официјални лица.

Сепак, надградбата на врските би била само симболична, рече Ле Хонг Хип, специјалист за виетнамски стратешки и политички прашања во сингапурскиот институт Исас-Јусоф Исак.

„Недовербата на Виетнам кон Кина е длабока, а од гледна точка на виетнамскиот народ, нема „заедничка судбина“ меѓу двете земји, сè додека Кина продолжува да бара поголем дел од Јужното Кинеско Море“, рече тој.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот