Си сака подобра соработка меѓу Кина и Германија

Си Џинпинг и Олаф Шолц/ Фото EPA/LUKAS BARTH

Кинескиот претседател Си Џинпинг му порача денеска на новиот германски канцелар Олаф Шолц дека двете земји треба активно да истражуваат нови области на соработка, како што се нови енергетски ресурси, зелена и дигитална економија, објави Еуроњуз.

За време на телефонскиот разговор меѓу двајцата лидери, Си посочи дека втората и четвртата светска економија треба да го разберат и искористат потенцијалот за раст на услужниот сектор.

Кина е најголемиот трговски партнер на Германија и одделно најважниот пазар за германската автомобилска индустрија.

Кинескиот претседател истакна дека германските компании се добредојдени да ги искористат можностите што ги носи отворањето на Кина, изразувајќи надеж дека Германија за возврат ќе обезбеди фер и праведна деловна средина за кинеските инвеститори.

Шолц, кој ја наследи Ангела Меркел на функцијата канцелар на 8 декември, нагласи дека Германија е подготвена да ја зајакне практичната соработка со Кина во доменот на чиста енергија, дигитална економија и услуги, додавајќи дека тој, исто така, се надева оти инвестицискиот договор ЕУ-Кина ќе стапи во сила во најкраток рок.

Европскиот парламент во мај ја запре ратификацијата на овој договор, кој беше постигнат во декември 2020 година по седум години преговори, се додека Пекинг не ги укине санкциите воведени кон политичарите од ЕУ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот