Си пред историски трет мандат

Си Џинпинг / Фото: EPA-EFE/ZHANG LING

Кинескиот претседател Си Џинпинг се очекува да добие историски трет мандат како лидер на земјата на 20-от Конгрес на кинеската Комунистичка партија, кој почнува во недела.

Ако се оди според планот, 69-годишниот лидер ќе биде потврден за генерален секретар на партијата до крајот на конгресот, кој се одржува еднаш на секои пет години, и ќе ја зацврсти својата позиција како најмоќен кинески лидер од Мао Це Тунг.

Речиси 2.300 делегати од сите кинески провинции ќе се соберат во недела во Голема сала на народот на плоштадот Тјенанмен во Пекинг, околу која мерките за безбедност се значително зголемени.

Конгресот ќе се одржи под строги здравствени мерки бидејќи Си продолжува да инсистира на спроведување на политика на нулта толеранција кон коронавирусот.

На конгресот, кој ќе се одвива претежно зад затворени врати, учесниците ќе изберат околу 200 членови на Централниот комитет на партијата, кој потоа избира 25 членови на Политбирото и на семоќниот Постојан комитет, највисокото раководно тело во државата.

Но, всушност „сè е однапред договорено бидејќи конгресот не се одржува додека сите фракции не се договорат”, изјави синологот Жан-Филип Беја.

Критичарите истакнуваат дека Си, исто така, ги елиминирал сите потенцијални политички ривали во последниве години, особено преку неговата долгогодишна борба против корупцијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот