Шверцери на мигранти од скопско со „БМВ“ бегале од полицијата кај Градско, излетале од патот и удриле во две други коли

Фото: Слободен печат / Драган Митрески

Вистинска драма се случувала на регионалниот пат Градско-Велес синоќа, кога полицајци се обиделе да запрат „БМВ“ во кое двајца криумчари на мигранти од скопското село Батинци превезувале неколкумина Пакистанци, соопшти МВР.

„На 25.04.2023 во 22.00 часот, полициски службеници од СВР Велес–Полициска канцеларија Градско ги лишиле од слобода Џ.Р.(22) и Ф.З.(22), двајцата од с.Батинци, општина Студеничани, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело по член 418 Д од Кривичниот законик. Околу 21.40 часот на регионалниот пат Градско – Велес, полициски службеници од СВР Велес дале знак за запирање на патничко возило „БМВ” со скопски регистарски ознаки, управувано од Џ.Р., а сопатник бил Ф.З.“, велат од полицијата.

„Возилото не застанало, продолжило со движење, по што излетало од патот и удрило во паркирани патнички возила „сеат” и „опел” со велешки регистарски ознаки. Притоа, со тешки телесни повреди се здобил сопатникот А.Х.(30) од Пакистан, додека со телесни повреди се здобиле Џ.Р., Ф.З. и М.С.А.(28), сопатник од Пакистан, констатирани во болницата во Велес“, се вели во полициското соопштение.

По целосното документирање на случајот, ќе следува соодветна пријава.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот