Шведска не го одобрува палењето на Куранот, вели Билстром

Тобијас Билстром/ Фото ЕПА

Шведска не го одобрува палењето на Куранот, но слични дејствија се дозволени според законите за слобода на говорот, изјави министерот за надворешни работи Тобијас Билстром.

„Во некои земји постои сфаќањето дека шведската држава стои зад тоа или дека го одобрува. Овие дела ги вршат физички лица, но тоа го прават во рамките на законите за слобода на говорот“, им објасни Билстром на новинарите.

Тој додаде дека одржува контакт со министрите за надворешни работи на Иран, Ирак, Алжир, САД и други земји, како и со генералниот секретар на Обединетите нации.

„Во моментов ќе разговарам со генералниот секретар на Организацијата за исламска соработка и ќе разговараме за овие теми. Важно е да се нагласи дека тоа е долгорочно прашање и нема брзи решенија“, нагласи шведскиот министер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот