Шведска не е безбедна држава како што беше пред палењето на Куранот

Фото EPA-EFE/JOHAN NILSSON SWEDEN OUT

Безбедносните служби во Шведска предупредуваат е влошена безбносната и е нарушен имиџот на државата по неодамнешното палење на исламската света книга Куран и муслиманските протести , соопшти денеска безбедносната служба во Стокхолм САПО.

Во соопштението се наведува дека палењето и сквернавењето на верски книги во Шведска, како и тековните кампањи за дезинформации на социјалните мрежи и на други места, негативно влијаеле на имиџот на Шведска, која „од толерантна земја се претвори во земја непријателска кон исламот и муслиманите“.

Ова се заканува да ги поттикне заканите за Шведска од „поединци во насилното исламистичко милје“, рече САПО, додавајќи дека ризикот од тероризам во Шведска останува зголемен на три на скала од пет.

Во Шведска не постои законска забрана за палење или сквернавење на Куранот и други верски текстови. Како и многу западни земји, Шведска нема закон за богохулење, а Уставот го штити правото на демонстрација, што полицијата го дозволува сè додека тоа не го нарушува јавниот живот и ја загрозува јавната безбедност.

Во неколку земји со мнозинско муслиманско население, илјадници гневни луѓе демонстрираа минатата недела поради сквернавењето на Куранот во Шведска, еден ден откако демонстрантите упаднаа во нејзината амбасада во Ирак.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот