Каја Шукова / Фото: СДСМ

Шукова: Владата мора да помага на сите општини без разлика кој е градоначалник и од која партија доаѓа

Кандидатката за градоначалничка на Скопје од редовите на СДСМ, Каја Шукова, во интервју за ТВ21 истакна дека политичките интереси мора да бидат оставени на страна кога станува збор за животната средина, а соработката меѓу институциите да стане приоритет.

„Јас мислам дека кога станува збор, пред сè, за животната средина, не треба да ги гледаме политичките интереси. Тие интереси конечно мора да излезат од Градот Скопје, а впрочем и од сите институции, ако навистина сакаме да имаме здрава животна средина,“ изјави Шукова.

Таа истакна дека за време на нејзиниот мандат како министер за животна средина имала успешна соработка со сите градоначалници, без оглед на нивната политичка припадност, и дека таквиот пристап треба да биде модел за сите идни политичари.

„Секогаш бев отворена за соработка, и мислам дека така треба да работи секој политичар во оваа држава. Зборуваме за интересот на граѓаните, не само на Скопје, туку и на целата држава. Локалните самоуправи сè уште зависат од поддршката на државата, но тоа не треба да се злоупотребува. Владата мора да помага на сите општини без разлика кој е градоначалник и од која политичка партија доаѓа,“ порача Шукова.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот