Штруд­ли со смок­ви и сода-би­кар­бона

Сос­тојки:

300 гр брашно

170 гр мар­га­рин што прет­ход­но стоел на соб­на тем­пе­ра­тура

100 гр ше­ќер

50 гр мед

1 ла­жич­ка сода-би­кар­бона

мал­ку сол

мал­ку ци­мет

ко­ра од ли­мон или порто­кал

2 ла­жич­ки ек­стракт од ва­нила

4 жолчки

Пол­нење:

400 гр су­ви смокви

80 гр пи­ре од ја­болки

50 гр мед

мал­ку ци­мет

Под­го­товка:

Во по­го­лем сад ста­ве­те ги омек­на­ти­от мар­га­рин, ше­ќе­рот и ме­дот, из­рен­да­на­та ко­ра од ли­мо­нот или порто­ка­лот (по ва­ша желба), солта, ци­ме­тот и ек­страк­тот од ва­нила. Си­те сос­тој­ки уба­во из­ме­шај­те ги со мик­сер за да мо­жат уба­во да се со­е­ди­нат. По­тоа, во уба­во из­мик­си­ра­на­та смеса, ед­на по ед­на до­да­вај­те ги жолчки­те и по­стоја­но ме­шај­те до­де­ка си­те жолчки уба­во не се со­е­ди­нат со прет­ход­но под­гот­ве­на­та смеса.

Се­га ста­ве­те го браш­но­то што прет­ход­но уба­во сте го про­се­а­ле за­ед­но со сода-би­кар­бона. До­де­ка го ста­ва­те браш­но­то во дру­ги­те сос­тојки, вни­ма­тел­но ме­шај­те со мик­сер, но на нај­ма­ла бр­зина. Ко­га ќе го ста­ви­те це­ло­то брашно, то­гаш ис­клу­че­те го мик­се­рот и поч­не­те да ја под­гот­ву­ва­те сме­са­та со по­мош на дрве­на ла­жица. Пот­реб­но е нај­мал­ку две-три ми­ну­ти да ја ме­ша­те сме­са­та со ла­жи­ца­та за да се со­е­дини.

Тес­то­то што ќе го до­би­е­те тре­ба да би­де ис­клу­чи­тел­но ме­ко и за­тоа не­ма да би­де пот­реб­но да до­да­ва­те по­ве­ќе брашно.

Ва­ка под­гот­ве­но­то тесто, по­де­ле­те го на че­ти­ри ед­нак­ви де­лови, а се­кое дел­че со по­мош на стреч фо­ли­ја или со хар­ти­ја за пе­че­ње и су­кало, неж­но ису­кај­те ги на што е мож­но по­го­ле­ма ко­ричка.

Ко­рич­ки­те ста­ве­те ги во стреч фо­ли­ја и ос­та­ве­те ги да от­стојат и уба­во да се из­ла­дат во фри­жи­дер нај­мал­ку 2 часа.

До­де­ка че­ка­те да по­ми­не пот­реб­но­то вре­ме за разла­ду­ва­ње на тес­тото, за­поч­не­те со под­го­тов­ка на фи­лот.

Во сад ста­ве­те ги исеч­ка­ни­те су­ви смокви, ме­дот и пи­ре­то од ја­бол­ка и уба­во со ра­чен мик­сер из­мик­си­рај­те ја це­ла­та смеса.

По­тоа ста­ве­те ја ва­ка до­би­е­на­та сме­са во вре­ќич­ка за ук­ра­су­ва­ње за да мо­же­те по­лес­но да ги фи­лу­ва­те штруд­лите.

Се­га из­ва­де­те го тес­то­то од фри­жи­дер и исе­че­те го на со­од­вет­ни лен­тич­ки од­нос­но тие тре­ба да би­дат де­бе­ли 2 ми­ли­метри, а дол­ги и ши­ро­ки 8 сан­ти­метри.

По­тоа во дол­жи­на­та на се­ко­ја штруд­личка, со по­мош на шпри­цот ста­ве­те по мал­ку од прет­ход­но под­гот­ве­ни­от фил. Прек­ло­пе­те го ед­ни­от крај на тес­то­то со дру­ги­от и фор­ми­рај­те штрудла.

Пов­то­ру­вај­те ја по­ста­пката до­де­ка не се пот­ро­ши це­ло­то тес­то и це­ли­от фил.

Под­гот­ве­ни­те штруд­лич­ки ста­ве­те ги да от­стојат во фри­жи­дер око­лу 1 час.

Под­гот­ве­ни­те штрудли, по ис­те­кот на вре­ме­то по­ми­на­то во фри­жи­дер, ста­ве­те ги да се пе­чат во прет­ход­но заг­ре­а­на рер­на на 180 сте­пе­ни око­лу 12 ми­нути.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот