Што прави денеска – Кристина Арнаудова, пејачка и хуманитарка

Денот ми почнува пред 8 часот, кога сите стануваме. Сопругот се подготвува за работа, Максим се подготвува за училиште, а Матео го подготвувам за во градинка. Им подготвувам сок од мед и овошје, а јас денот го почнувам со чаша вода и сок од морков.

Кога сите ќе заминат, јас си подготвувам кафе и почнувам да го средувам домот, додека го вклучувам компјутерот и се подготвувам да почнам со работа, која ако е на компјутер, се навикнав да ја работам од дома наместо да одам во канцеларија во „Проект Среќа“.

Тоа се тие нови навики што ни ги создаде пандемијата. Пишувам, праќам мејлови, правам планови за работа, се обидувам да најдам донатори за „Проект Куќа“ и „Проект Среќa“…

Ако имам работа надвор од дома или снимање за „Проект Куќа“, се подготвувам најчесто сама, заради константен недостаток на време, па сама се фенирам и се шминкам. Одам на објект и контролирам што се работи, нарачувам материјали итн… Можно е во текот на денот да имам и некој состанок па создавам некако време и за тоа.

Сите денови ми се различни и секогаш имам многу набиен распоред, но работниот ден го завршувам секогаш во 15 часот, за потоа да можам да бидам со семејството. Ако е убаво времето, одиме до парк или некаде на шетање, а во есен и зима попладне играме игри дома, и тоа ни е попладневен ритуал.

Понекогаш одиме или ни доаѓаат гости што, за жал, последниве две години станува сѐ поретко.
Најчесто легнувам рано со децата и секогаш читам книга, и тоа кратко време е можеби единственото време во текот на денот што е само за мене.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот