Фото: Твитер

Што открива божиќната честитка на принцот Хари и Меган? Познати интересни детали за куќичката пред која позираа тие!

Хари и Меган се погрижија нивниот син да живее како вистински принц, иако тој нема кралска титула. Британските медиуми на големо се распишаа за деталите од нивната божиќна честитка.

Принцот Хари и Меган Маркл на својот син Арчи не му дадоа кралска титула, но се уште се грижат нивниот единец да ужива како вистински принц. Војводата и војвотката од Сасекс ја покажаа својата раскошна куќичка која е изработена само за нивниот син и е поставена во дворот од куќата во Калифорнија, Монтесито, а илустрацијата од оваа куќичка и нив пред неа ја објавија во својата божиќна честитка.

Минијатурната колиба е дизајнирана во традиционален британски стил на градба и кралскиот пар го чинела околу 7000 долари, пишува Дејли Мејл.

Освен тоа, таа неодоливо потсетува на куќичката за играње која кралицата Елизабета Втора ја добила на подарок за својот шести роденден. Тогаш се уште принцеза, Елизабета во куќичката обожавала да си игра со својата сестра Маргарет, а куќичката ја обожавале и бројни генерациии по неа. Во неа се фотографирал и често си играл и принцот Чарлс, но и принцезата Евгенија.

Фото: Твитер

„Куќичката која Меган и Хари ја нарачале за својот син неодоливо потсетува на куќичката која може да се види во Виндзор во Англија. Секој детал е направен во склад со британското градење“, истакнаа експертите за британските медиуми.

Оригиналната фотографија која Хари и Меган подоцна ја искористија за честитката ја сликала мајката на Меган во дворот во нивната ќука. Честитката ја објавија посакувајќи им на сите среќни празници.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот