
Што е всушност подобро за слабеење – 30 минути трчање или 10.000 чекори?
Најмалку 10.000 чекори дневно долго време се сметаше за идеален начин да го намалите ризикот од болести и да бидете здрави и фит.
Препорачано
Новата студија сугерира дека другите видови тренинзи, наместо 10.000 чекори, може да ги имаат истите ефекти врз губењето на тежината, подолгиот живот и помалиот ризик од срцеви заболувања.
Во четиригодишното истражување учествувале речиси 15.000 здрави жени постари од 62 години, а секоја од нив носела уред за мерење на нивоата на активност и секоја година пополнувала здравствен прашалник во кој одговарале на прашања за тоа дали пушат, пијат алкохол, давале податоци за нивната висина, тежина, менопауза и лична семејна медицинска историја.
Тим експерти откриле дека жените кои поминуваат од 8.000 до 8.500 чекори дневно го намалуваат ризикот од срцеви заболувања за 40 отсто, во споредба со оние кои поминувале околу 3.000 чекори дневно. Уште повеќе, тие откриле дека истиот ефект го има и вежбањето во траење од 75 минути дневно – што укажува дека броењето чекори може да биде непотребно.
Д-р Рикута Хамаја, водечки автор на студијата и истражувач во Одделот за превентивна медицина во Бригам и Женската болница, рекол: „За некои, особено за помладите поединци, вежбањето може да вклучува активности како што се тенис, фудбал, одење или трчање, а сето тоа може лесно да биде следено со чекорите“.
„Меѓутоа, за други тоа може да се состои од возење велосипед или пливање, каде што следењето на времетраењето на вежбањето е поедноставно. Затоа е важно упатствата за физичка активност да понудат повеќе начини за постигнување на целите. Секој од нас избира поинаков начин на движење и речиси сите форми се корисни за нашето здравје.“
Истражувањето траело од 2011 до 2015 година, а тимот ги следел жените до крајот на 2022 година, пишува „Дејли мејл“.
Учесничките биле поделени врз основа на времето што го поминале во вежбање или бројот на чекори што ги направиле.
Тимот открил дека оние кои поминувале најмногу време (околу 200 минути) вежбајќи или поминувале најмногу чекори (околу 8.000 до 8.500) го намалиле ризикот од срцеви заболувања и смрт до 40 отсто во споредба со оние со најнизок процент (девет до 12 минути вежбање или околу 2.800 до 3.000 чекори).
Девет отсто од учесниците кои тренирале 62 минути неделно и правеле 5.183 чекори дневно починале до 2022 година, а четири отсто од нив развиле срцева болест.
„Наодите сугерираат дека пациентите можат да направат избор за тоа колку чекори ќе направат или колку долго ќе вежбаат за да го намалат ризикот од смрт или од кардиоваскуларни болести“, напишале истражувачите.
Сепак, важно е да се нагласи дека ова истражување било набљудувачко, така што наодите не можат да се потврдат.