Штипјанец крадел во Радовиш, признал десет тешки кражби

Фото: Профимедиа

Одделението за внатрешни работи Радовиш до Основното јавно обвинителство Радовиш поднесе кривична пријава против М.Ј.(19) од Штип, со престој во Радовиш, поради постоење на сомнение дека во периодот од април до декември 2022 година на подрачјето на Радовиш извршил осум кривични дела „тешка кражба” и две кривични дела „кражба”.

Како што информираат денеска од МВР, при службен разговор со пријавениот во Одделението за внатрешни работи Радовиш, тој ги признал делата. Притоа, едно од кривичните дела „тешка кражба” го сторил заедно со С.Р.(21) од Штип, со престој во Радовиш, со кој, исто така, бил извршен разговор во полициска станица.

Инаку, пет од делата ги сторил во викенд куќи на планина Плачковица, а останатите на други локации во Радовиш и околните населени места.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот