Штедачите од Еуростандард банка молат за помош

Скопје, 13 август 2020 / Фото: Драган Митрески - Слободен печат.

До нашата редакција утрово пристигна маил во кој оштетените штедачи од Еуростандард банка молат за помош поради ситуацијата во која се најдоа, за жал не по нивна вина.

-Имено ние сме дел од 780 штедачи на Еуростандард банка  кој за својата судбина т.е. за обештетување на своите средства ќе мора да се потпрат на правилноста и функционалноста на нашиот систем и стечајните постапки како такви. Впрочем функционирањето на истиот тој систем не доведе и до оваа состојба за свои тешко спечалени пари да одлучува некој друг.

Костовски за Еуростандард банка: Тоа е свесно сценарио во кое требаше да има жртвено јагне

Со цел најтранспарентно водење на стечајната постапка, сметаат дека, штедачите мора да се организираат и да бидат претставени пред сите институции домашни и меѓународни од еден претставник професионалец во тоа поле.

-За да не се губи време додека истите структури горе наведени, излезат со информации за тоа кој сме тие 780 штедачи, затоа мора да се саморганизираме и превземеме мерки веднаш. За таа цел, сите кој се дел од 780 штедачи чии судбини во наредниот период ќе се преплетат сакајќи или не, да не исконтактираат со било каков предлог на емаил адресата [email protected]наведуваат во мејлот оштетените штедачи.

„Еуростандард банка” под стечај, сопственикот Костовски најави тужби, надлежните смируваат дека банкарскиот систем е стабилен и сигурен

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот