Колаж на СП/ЕПА

Штајнмаер и Зеленски се смирија, но германскиот претседател сè уште не најави посета на Киев

Германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер денеска телефонски разговарал со украинскиот претседател Володимир Зеленски и го надминал спорот околу идната посета на Киев, што првично беше одбиена, соопшти претседателскиот кабинет во Берлин, пренесе ДПА.

Штајнмаер кон средината на април планираше да замине за главниот град на Украина, заедно со претседателите на Полска, Летонија, Естонија и Литванија, но во куса порака му било кажано да не доаѓа.

Одлуката на Киев беше донесена во услови на постојани критики за врските на Штајнмаер со Русија и неговиот неуспех за време на неговото министерување со ресорот за надворешни работи да ги послуша предупредувањата од источноевропските соседи за заканата од руска агресија.

ДПА појаснува дека Штајнмаер во денешниот телефонски разговор на Зеленски му ја изразил својата „солидарност, почит и поддршка за храбрата борба на украинскиот народ против рускиот агресор”, а двајцата шефови на држави го опишаа разговорот како „многу важен” и „многу добар”, соопштија од претседателскиот кабинет.

Оттаму додаваат дека и Штајнмаер и левичарската влада на канцеларот Олаф Шолц биле поканети во Киев.

Зошто руската нафта е толку проблематична за Германија?

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот