Шпанското здравството во агонија: Немаме ниту маски, ниту заштита!

– Војниците во старечките домови во Шпанија затекнале потполно напуштени стари лица дури, а некои од нив веќе биле мртви, истакнала министерката за одбрана Маргарита Роблес, пренесува Гардијан.

Шпанија станува се позагрозено подрачје и се поголемо жариште на глобалната пандемија со корона вирусот, а нивниот главен центар сега е претворен во една од најголемите болници во земјата.

Најзагрозени пред корона вирусот се дијабетичарите со 60 отсто, а оваа најризична група во земјата ја надмина стапката на смртност дури и во споредба со Кина, и во моментов е втора најпогодена нација по Италија. Во текот на вчерашниот ден беше забележан рекорд според бројот на починати  која за 24 часа изнесуваше 844 лица. Од вирусот до сега во земјата починале 6.528 пациенти.

Ваквите цифри го натераа премиерот Педо Санчез да ги заостри мерките и карантинот, па им наложи на сите вработени кои не се неопходни за функционирање на системот во наредните две недели да останат дома.

Една од жртвите е и 87 годишниот татко на Јоланда Кумиј – Хуан. Последен пат разговарале на 16. март кога се пожалил дека си ја повредил ногата по пад во домот за стари лица гаде што бил сместен. Неколку часа подоцна на телефонската линија се јавило едно лице од вработените за да соопшти тажна вест.

Шпанските власти побараа помош од војската да ги дезинфицира таквите објектите, а она што го отрија ја запрепасти цела земја.

 

– Војниците затекнаа потполно напуштени стари лица дури и некои кои веќе биле мртви во креветите, истакнала министерката за одбрана Маргарита Роблес, пренесува Гардијан.

 

Ваквото откритие претставува силен удар за земјата која долго време се гордееше со „добриот систем за стари лица“. Ова е генерација која ги живееше ужасите на граѓанската војна и тешкиод период потоа, а сега умираат сами, вели Јоланда.

 

Во Шпанија до сега се регистрирани 78.797 заразени, но вистинскиот број со сигурност е многу поголем бидејќи на лицата со слаби симптоми им е кажано да седат во самоизолација, и да не бараат тестирања. Во некои градови порастот на заразени е толку голем што здравствениот систем во земјата, која е рангирана на 20 место во светот, е на ивица на колапс.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот