Шпанскиот суд ја забрани социјалната мрежа Телеграм

Телеграм /Фото: EPA-EFE/IAN LANGSDON

Судот во Шпанија ја забрани социјалната мрежа за пораки – Телеграм, по жалбите на медиумските компании дека им дозволува на корисниците да ја поставуваат нивната содржина без дозвола.

Судот се согласи да ја блокира употребата на Телеграм во Шпанија почнувајќи од понеделник, во очекување на истрага за наводите.

Давателите на мобилни услуги ќе бидат одговорни за блокирање на услугите на Telegram, изјави судски извор.

Телеграм допрва треба да ја коментира пресудата

Телеграма е четврта најкористена услуга за пораки во Шпанија, која ја користат речиси 19 отсто од населението.

Телеграм е услуга за испраќање и размена на инстант пораки развиена од компанијата со седиште во Лондон и оперативни центри во Дубаи.

Компанијата е основана од рускиот претприемач Павел Дуров, претходно познат како основач на популарната руска социјална мрежа В Контакте.
Компанијата вели дека имала повеќе од 700 милиони активни корисници ширум светот во 2023 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот