Шпанија, Ирска, Белгија и Малта бараат самит на ЕУ за прекин на огнот во Појасот Газа

Шпанија, Ирска, Белгија и Малта бараат да се одржи самит на Европската Унија, на кој главна тема ќе биде – прекин на огнот во Појасот Газа.

„Лидерите на овие земји сакаат да разговараат за ситуацијата во Газа следната недела и заеднички да повикаат на одржливо хуманитарно примирје што би траело до крајот на конфликтот“, се наведува во нивното писмо до претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел.

Лидерите на 27-те земји од ЕУ ќе се сретнат на 14 и 15 декември во Брисел, каде ќе разговараат за помошта за Украина, со цел одбрана од руски напад, како и за ревизија на долгорочниот буџет на ЕУ.

На дневен ред ќе биде и ситуацијата на Блискиот Исток.

Во писмото на четворицата премиери, испратено до Шарл Мишел, кој претседава и со самитите на ЕУ, се наведува сериозноста на војната меѓу Израел и Хамас во Појасот Газа и можноста за ескалација на конфликтот во регионот.
Во писмото, во кое Ројтерс имал увид, се наведува дека лидерите на ЕУ треба да постигнат заеднички став „итно да ги повикаат сите страни да прогласат долгорочен хуманитарен прекин на огнот што може да доведе до крај на непријателствата“ и да побараат мерки за заштита на цивилите во Газа, пренесуваат западни медиуми.

Четирите земји, кои го критикуваа Израел за справувањето со конфликтот, апелираат „што е можно поскоро“ да се одржи меѓународна мировна конференција за Газа на која ќе се разговара за формирање палестинска држава покрај Израел.

Во писмото, исто така, се наведува дека имотот на насилните израелски доселеници кои ги напаѓаат раселените палестински заедници треба да се замрзне со цел да се спречи ширењето на насилството на Западниот Брег.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот