Шпанија и Хрватска ќе ја градат првата електрана на нуклеарна фузија

Тајланд електрана / Фото EPA/BAGUS INDAHONO

Хрватска и Шпанија добро соработуваат на проектот за тестирање на материјалите потребни за изградба на првата електрана во ЕУ, а наскоро би можеле да им се придружат и нови партнери, изјави шефот на шпанската делегација Анхел Ибара во интервју за Хина.

Околу 2050 година, ЕУ сака да изгради електрана во која електрична енергија би се произведувала со нуклеарна фузија, со спојување на два полесни атоми на водород во еден потешки, ослободувајќи огромна енергија. Физичарот Ибара вели дека таква нуклеарна централа за фузија би произведувала исто количество електрична енергија како и сегашната фисија, но нема да произведе толку многу радиоактивен материјал. Но, за да се изгради централата за фузија, потребно е прво да се тестираат материјалите потребни за нејзина изградба.

Шпанија и Хрватска се договорија за заедничко тестирање на овие материјали во близина на шпанскиот град Гранада во 2021 година, за што мора да бидат издвоени 707 милиони евра. Шпанија учествува со 50 отсто во проектот, а Хрватска со пет отсто. Во последниве месеци, се зголемија изгледите за вклучување на набљудувачи како ЕУРОАТОМ, Јапонија, Германија и Италија во преостанатите 45 проценти од проектот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот