Педро Санчез / Фото EPA-EFE/RONALD WITTEK

Шпанија го зголемува притисокот врз Израел: Забрана за оружје, ембарго и поддршка за Палестина

Шпанскиот премиер Педро Санчез денеска објави дека неговата влада ќе воведе нови мерки против Израел, меѓу кои и забрана за пристанување на бродови и прелетување на авиони што транспортираат оружје наменето за Израел.

Во обраќање емитувано на локалната телевизија, Санчез најави и зголемена финансиска поддршка за Палестинската самоуправа и Агенцијата на ОН за помош и работа со палестинските бегалци (UNRWA), како и ембарго за производи што доаѓаат од израелските населби на окупираните палестински територии, пренесува Гардијан.

„Се надеваме дека ова ќе послужи како дополнителен притисок врз премиерот Нетанјаху и неговата влада за да се ублажат страдањата на палестинскиот народ“, изјави Санчез.

Покрај тоа, тој соопшти дека на територијата на Шпанија ќе биде забранет влез за сите лица кои директно учествувале во, како што го нарече, „геноцидот“ во Појасот Газа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот