Шпанец имал ерекција 30 часа и ги тужел лекарите кои погрешно го третирале: Добил отштета од 49.000 евра
Шпанец (36) со повреда на ‘рбетниот мозок поради несакана ерекција три пати барал помош, но лекарите неправилно го третирале и неволната состојба траела дури 30 часа, па добил отштета од 49.000 евра.
Препорачано
Неименуваниот 36-годишен пациент прв пат побарал помош од здравствениот центар во Албаида во близина на градот Валенсија на источниот брег на Шпанија, четири часа откако неговиот пенис не успеал да се врати во својата нормална големина.
A man left with an erection for 30 hours has been awarded €49,000 after accusing a Spanish hospital of malpractice.https://t.co/vFqp8pVmfL
— breakingnews.ie (@breakingnewsie) January 17, 2025
Му бил дијагностициран пријапизам, кој може да се случи по сексуалното возбудување.
Надоместокот ќе го плати Министерството за здравство на регионот Валенсија.
Освен него, 5.000 евра отштета за претрпената морална штета ќе добие и неговата сопруга.
Првобитното барање на оштетениот и неговата партнерка било многу поголемо, за него побарале отштета од 250.000 евра, а за сопругата 80.000 евра.
Сè се случи во Одделот за итни случаи на болницата Онтинјент на 5 јули 2020 година, кога ерекцијата веќе траеше шест часа. Денот продолжил да минува, но ерекцијата не исчезнала, па во 20 часот повторно дошле. Потоа се консултирале со дежурниот уролог кој се одлучил за дренажа со соодветни асептички мерки.
Потоа завршил во болницата Катива каде му била поставена протеза, но набргу по операцијата протезата се откачила поради неправилно поставување, што довело до сериозни последици како трајна еректилна дисфункција, губење на осетот и силата на десната рака и невропатска болка во левата нога.
По неколкудневна хоспитализација, дополнителни хируршки интервенции и долг процес на опоравување, парот ќе добие отштета од близу 55.000 евра, која ќе биде исплатена во наредните недели, пренесува „Дејли мејл“.