Шолц домаќин на Ердоган

Шолц и Ердоган / Фото EPA-EFE/TOMS KALNINS

Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска ќе го прими турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, кој доаѓа во Берлин во посета, откако неодамна го обвини Израел дека се однесува како „терористичка“ држава во војната против палестинското движење Хамас.

Ердоган ќе има средба со германскиот колега Франк-Валтер Штајнмаер, а потоа и работна вечера со Шолц, по што ќе се врати во Турција.

Тоа е прва посета на Ердоган на Германија од 2020 година.

Ердоган се претстави како потенцијален посредник во првите денови од конфликтот меѓу Хамас и Израел, но потоа застана на страната на палестинското исламистичко движење кога израелската војска почна да го бомбардира Појасот Газа.

Според Хамас, повеќе од 11.000 Палестинци, главно цивили, се убиени во Појасот Газа од почетокот на конфликтот.

Два дена пред неговата посета на Берлин, Ердоган го оквалификува Израел како „терористичка држава“ и ги обвини САД и нивните западни сојузници дека „отворено ги поддржуваат масакрите“ во Газа.

Пред една недела тој рече дека самиот легитимитет на државата Израел е „доведен во прашање поради сопствениот фашизам“, а таа изјава предизвика негодување во Германија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот