Фото: Pexels / Engin Akyurt

Загрижувачко откритие: Жените носат поголем генетски ризик од депресија

Истражувањето на австралискиот институт за медицински истражувања „Кју-Ај-Ем-Ар Берхофер“ откри 16 генетски варијанти поврзани со депресија кај жените и осум кај мажите, што значи дека жените имаат поголем генетски ризик од депресија, објави „Гардијан“.

Студијата, која беше објавена во списанието „Нејчр комуникејшнс“, покажува дека голем дел од генетските варијанти поврзани со депресијата се заеднички за двата пола, но дека постои „повисок генетски ризик кај жените, што може да биде резултат на варијанти специфични за жените“.

Истражувачот во лабораторијата за генетска епидемиологија, Британи Мичел, рече дека веќе е познато дека „жените страдаат од депресија двапати почесто од мажите во текот на животот“.

„Исто така, знаеме дека депресијата изгледа многу различно од личност до личност. Досега немаше многу конзистентни истражувања за да се објасни зошто депресијата различно влијае на жените и мажите, вклучително и можната улога на генетиката“, рекла Мичел.

Истражувачите ја анализирале ДНК-та на жени и мажи од Австралија, Холандија, Соединетите Американски Држави и двајца од Велика Британија.

Авторите објавија дека во студијата е регистрирано приближно двојно повеќе жени со депресија отколку мажи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот