
Шокантен извештај на германските разузнавачи: Си Џинпинг барал од СЗО да сокрие факти за коронавирусот
Нов извештај тврди дека кинескиот претседател Си Џинпинг лично барал од генералниот директор на Светската здравствена организација Тедрос Аданом да го „одложи глобалното предупредување“ за заканата на Ковид-19 за време на разговор во јануари.
Препорачано
Германски Шпигел ги објави обвинувањата овој викенд повикувајќи се на разузнавачки податоци на сојузните разузнавачки служби на земјата, познати како „Bundesnachrichtendienst“ (БНД).
– Кинескиот лидер Си Џинпинг на 21 јануари бараше од шефот на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус да ги задржи информациите за преносот од човек на човек и да го одложи предупредувањето за пандемијата, наведува БНД.
БНД проценува дека кинеската информациона политика довела до тоа светот да изгуби четири до шест недели во борба против коронавирусот.
СЗО набргу објави изјава по објавувањето на шокантните тврдења, нарекувајќи ги „неосновани и невистинити“.
„Д-р Тедрос и претседателот Си не разговарале на 21 јануари и никогаш не разговарале преку телефон. Такви невистинити извештаи ги одвраќаат и намалуваат напорите на СЗО и светот да ја завршат пандемијата на Ковид-19. Кина на 20 јануари (пред наводниот телефонски разговор) го потврди пренесувањето на коронавирусот од човек на човек. СЗО на 22 јануари јавно прогласи дека „собраните податоци сугерираат дека преносот од човек на човек се одвива во Вухан“, наведуваат од СЗО.
Ако тврдењата на германските разузнавачи се вистинити, тоа би ги зајакнало тврдењата на претседателот на САД, Доналд Трамп дека СЗО е „Кино-центрична“. Уште во април администрацијата на Трамп тврдеше дека СЗО станува оружје на „кинеска пропаганда“, а претседателот на САД повика за стопирање на финансирањето на организацијата. Минатата недела, Трамп покрена нов напад врз таа организација.
– СЗО е катастрофална, ништо од тоа што рекоа не беше точно и тие се Кино-центрични, изјави тој за „Фокс њуз“.
Односите меѓу Вашингтон и СЗО се влошија за време на целата криза откако Трамп постојано ги обвинуваше дека се поврзани со Кина и дека заедно со Пекинг ја извртиле вистината за пандемијата.
Претходно американските функционери изнесоа обвинувања против Кина во кои тврдеа дека намерно чекала за објавување на податоци за коронавирусот.
Разузнавачкиот извештај на американското Министерство за внатрешна безбедност, во кој увид имаа и АП, тврди дека Кина го криела обемот на епидемија на коронавирусот и колку е заразна болеста, за да си обезбеди медицински залихи.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
5мин
-
17мин
-
19мин
-
27мин
-
33мин
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5