unsplash
Фото: Unsplash

Шок во градинка во Загреб: Водата за пиење се помешала со фекалии

Фекалии се помешале со водата за пиење што ја користи градинката Јарун во Хрватска- пишува хрватскиот портал Данас.хр,. Наводно, од градинката усно ги информирале родителите за се и ги предупредиле децата дека не смеат да пијат вода во градинката. Во дворот на нивниот објект денес вода се пие од цистерна за вода.

Во меѓувреме анализите потврдиле дека во водата има колиформни бактерии. Како што пренесува хрватскиот портал, за се е прашан Институтот за јавно здравје Др. Андрија Штампар, од каде што одговориле дека редовно го проверуваат квалитетот на водата во градските градинки.

– Во рамки на редовна контрола во градинката Јарун, утврдено е дека примерок од вода е загаден со колиформни бактерии на една од славините за миење садови во објектот на градинката на улицата Пустекова. На другите чешми не се забележани бактерии. Градинката веднаш го следела советот на санитарниот инспектор. Садовите за готвење и миење се преместени во друг објект на градинката, вентилите на мијалниците се затворени, а водата се користи исклучиво за испирање на тоалетите. Нарачана е цистерна со вода за пиење, која е достапна од 5 часот наутро во градинката – одговорија од институтот.

Оттаму додаваат дека славината каде што е контаминиран примерокот е заменета, а во тек е превентивна дезинфекција на сите останати.

– Нарачано е ново земање мостри на вода, како на сите славини во градинката, така и на хидрантот од кој водата доаѓа кон градинката. Од државниот инспекторат потврдија дека градинката постапила согласно прописите.

– Воспитно-образовната работа се одвива без потешкотии, нема забелешки од родителите или наставниците – се наведува во нивниот одговор.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот