Шкријељ: Соработката со граѓанските организации е исклучително важна во услови на криза

Санела Шкриељ / Фото: Архива

Заменичката на претседателот на Владата задолжена за економски прашања Мила Царовска и дополнителната заменик министерка за труд и социјална политика Санела Шкријељ денес одржаа состанок со претставници на граѓанските организации од Охрид и регионот.

На состанокот се дискутираше за спроведувањето на мерките и препораките на Владата во делот на времените мерки и испораката на услуги кон особено ранливите групи.

-Сите заедно треба да овозможиме почитување на мерките и препораките на Владата во делот на заштитата на работничките права, почитувањето на протоколите за работа и користењето на државна помош. Владата, како и во целиот изминат тригодишен период, во граѓанските организации гледа партнер кој е вклучен во креирањето и спроведувањето на регулативата, партнер чија принципелна поддршка секогаш е добредојдена- рече Царовска.

Според Царовска, во специфичните услови во кои се наоѓаме, многу е важна директната соработка и координација меѓу граѓанските организации од една страна и инспекторатите и останатите владини институции од друга, во пријавувањето на случаи на прекршување на работничките и граѓанските права.

-Ова е криза од која ќе излеземе како победници, само ако направиме баланс меѓу заштитата на правата на работниците и на бизнисот и ако во заедничката битка придонесат сите- потенцираше таа.

Според дополнителната заменик министерка Шкријељ, придонесот на граѓанскиот сектор особено е видлив во предизвикувачки состојби.

-Невладините организации се на првата линија на поддршка на најранливите категории граѓани, кои коронакризата и најмногу ги погоди. И Министерството за труд и социјална политика и невладиниот сектор ја оценуваат соработката како исклучително коректна, а граѓанските организации се вклучени во сите реформски процеси што Министерството ги спроведува- потенцираше Шкријељ.

Владата и граѓанските организации одржуваат редовни координативни состаноци во кризни услови а активностите ќе продолжат и во наредниот период, се со цел да се обезбедат двете основни функции-заштита на правата на граѓаните и целосното почитување на донесените владини одлуки.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот