Шилегов: Терминот „реконструкција“ е урбанистичка финта, Колариќ: Имавте 3 години да ја сузбиете криминалната мафија

На денешниот дуел во емисијата „Само вистина“, скопскиот градоначалник Петре Шилегов истакна дека откако ќе се исцрпат сите можни опции за решавање на проблемот со Универзална сала и ако не се најде решение, ќе се понуди проблемот на граѓаните со нивно изјаснување на оваа тема.

-Заради урбанистички финти се користи терминот „реконстуркција“, за да ни направат една од финтите што постојано се прави во урбанизмот, како што е подземната улица на кеј, рече Шилегов.

На ова, Светлана Колариќ советник во Град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ, рече дека неговата програма била правена од урбанистичка мафија.

-После излагањето на градоначалникот Шилегов, можам да заклучам дека кога ќе ја прочитаат програмата „Живот за сите“, дека најверојатно таа урбанистичка мафија ја правела и неговата програма, рече Колариќ.

Градоначалникот на Скопје и реплицираше дека не знаел до каде оделе криминалните умови за да тој сега го реализира тоа што го зборувал. Но, Колариќ истакна дека тој имал 3 години да направи анализа.

-Кога ќе се седне на самото место ја нудите програмата на секторите која се прави на анализи и стручна поддршка. Јас не би навлегувала во минатото. Шилегов имаше простор од 3 години истото да го истражи и да ги преземе сите активности за да ја сузбие криминалната мафија. Имаше два плана, едниот од 2004, вториот 2013 година,ние настапивме со наш проект нарачан од Коце Трајановски. Тој проект го правеше Градежниот институт, не нов, туку измена на проектот за да се види сегашната состојба. Новиот проект чинеше 17 милиони евра и значење проширување на постојниот објект Универзална сала. Таа програма не беше изгласана, рече Колариќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот