Шилегов на состанок со директорите на средните училишта: Подгответе се за сите три можни сценарија

Градоначалникот на Скопје Петре Шилегов заедно со неговиот тим денеска одржа состанок со директорите на сите 23 средни училишта на градот на кој се дискутираше за мерките што треба да се преземат во време на коранавирусот за да се обезбедат технички услови за непречено одвивање на онлајн настава која треба да започне на 1 октомври.

Директорите на средните училишта, посочуваат од Градот, го информираа градоначалникот Шилегов како течат подготовките за почетокот на новата учебна година, а дел од нив и за проблемите со коишто се соочуваат како нестабилен интернет и мрежа, недостиг на компјутери и друга информатичка опрема.

– Во најкраток можен рок треба да проверите со какви капацитети располагате, односно човечки ресурси за да ви ја одржуваат мрежата и какви ви се интернет мрежите. Ви препорачувам да си помогнете со размена на обучен кадар, се со цел да обезбедиме квалитетна онлајн настава. Исто така, сметам дека треба да се подготвите за сите три можни сценарија, односно за онлајн настава, настава со физичко присуство и комбинирана настава, рече Шилегов на состанокот со директорите на СУГС.

Тој додаде и дека работат со луѓето од Министерството за образование и наука, но во овие нови услови на живеење, како што рече, не може да се најде совршено решение и дека сите треба да се обидат решенијата да ги бараат во од за да се заштити здравјето на децата.

По дискусијата се донесе заклучок да се одржи уште една средба пред почетокот на учебната година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот