Шест екипи никогаш не испаднале од Премиер лигата

EPA-EFE/Phil Noble

Секако, се смета за периодот од 1992 година кога се формираше Премиер лигата. Денеска официјално како што веќе е најавено, започнува 29 сезона во која шампионската титула ја брани Ливерпул.

Првото коло нема да биде комоплетно со оглед на тоа натпреварите на Манчестер јунајтед и Манчестер сити се одложени, бидејќи градските ривали беа дел од завршните турнири во Лигата на шампионите и Лига Европа, па така добија неколку дена повеќе за одмор.

Новата сезона ни донесува и неколку интересни факти поврзани со натпреварувањето. Само шест екипи, сметајќи на сите 28 сезони, никогаш не испаднале од Премиер лигата, тие се: Манчестер јунајтед, Ливерпул, Арсенал, Челси, Тотенхем и Евертон.

Само Евертон никогаш не бил во Топ 3 во споменатите 28 сезони, додека Јунајтед дури 23 пати завршувал помеѓу најдобрите три тимови. „Црвените ѓаволи“ воедно имаат и најмногу титули, 13.

Оттука и следниот податок дека клубот од „Олд Трафорд“ има освоено најмногу бодови во сите 28 премиерлигашки сезони, вкупно 2234. Следуваат Арсенал (2011), па Челси (1997), Ливерпул (1948), а на петтото место е Тотенхем со 1654 бодови.

Во Топ 10 се и Евертон (1476), Манчестер сити (1450), Њукасл е на осмата позиција (1316), Астон Вила има 1258, а „десетката“ ја комплетира Вест Хем (1137).

Ќе додадеме уште дека Норич сити е клубот со најмногу испаѓања од Премиер лигата, тимот кој што минатата сезона беше последен, дури пет пати се враќаше во Чемпионшип.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот