Шекеринска: Лага е дека било кој, а особено јас, во изминатиов период сум била на службени патувања

ВМРО -ДПМНЕ ниту помагаат, ниту да се порадуваат на успехот, во вакви моменти кога водиме лавовска битка со коронавирусот, во исто време кога ги бележиме најголемите успеси, опозицијата се труди да го губи нашето време со лаги, рече видепремиерката Радмила Шекеринска,  денеска во Владата.

– За последен пат ги повикувам ВМРО-ДПМНЕ да престанат со лаги, затоа што лагите нема нуту да го скријат нивниот срам за нечесниот однос кон кризата, ниту ќе го скријат нивниот срам дека 11 години не држат замрзнаи во место, а ние покаѓавме дека за две и пол години можеме да добиеме и членство во НАТО и почеток на преговори со ЕУ – рече Шекеринска.

Она што ми пречи, рече Шекеринска, е што во вакви тешки моменти, навистина ја дефокусираат нашата работа.

– Најотворено ја демантирам лагата. Лага е дека било кој, а особено јас, во изминатиов период сум била на службени патувањата, сум ги трошела државните пари. Тоа е истата недела кога беше затворен скопскиот аеродром, тоа е истата недела кога скеој добронамерен, па и злонамерен граѓанин, ако седне на Фејсбук, ќе види дека секој ден сум присутна на Главен штаб и пристутна на владина седница – потенцираше Шекеринска.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот