Шефот на иранската дипломатија во посета на Либан

Хосеин Амирабдолахиан / Фото EPA-EFE/YURI KOCHETKOV / POOL

Иранскиот министер за надворешни работи Хосеин Амир-Абдолахиан на непозната локација во Либан се сретна со лидерот на Хезболах, Хасан Насрала.

Амир-Абдолахиан пристигна вчера во Бејрут во својата втора посета на Либан од 7 октомври, според либанскиот информативен веб-сајт Нахарнет.

По неговото пристигнување, тој за каналот Ал-Мајадин со седиште во Бејрут изјави дека војната во Газа најверојатно ќе се прошири доколку не се одржи примирјето меѓу Израел и Хамас, кое треба да стапи на сила утре.

„Ако прекинот на огнот што ќе почне утре не продолжи…условите во регионот нема да останат исти како пред прекинот на огнот и опсегот на војната ќе се прошири“, рече тој.

Иранскиот министер за надворешни работи вчера во Бејрут разговараше со Зиад ал Нахалех, генерален секретар на палестинскиот исламски џихад, Халил Ал-Хаја, член на политбирото на Хамас и други претставници од двете терористички групи, според иранска новинска агенција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот