Шарл Мишел: Велика Британија останува партнер, но ЕУ ќе биде многу одлучна во преговорите со Лондон

Тој нагласи дека „има последици кога повеќе не припаѓање на клубот на ЕУ”.

Велика Британија, која денеска ја напушта ЕУ, останува „партнер и пријателска земја”, но Унијата ќе биде „многу одлучна” во своите преговори со Лондон, изјави претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел.

– Нашата порака пред преговорите за организирање на идниот однос меѓу Европа и Велика Британија е многу едноставна: сакаме да го задржиме најблискиот однос во сите области, но колку повеќе Британија сака да се одалечи од европските стандарди, толку помалку ќе има пристап до европскиот пазар, истакна Мишел.

Тој нагласи дека „има последици кога повеќе не припаѓање на клубот на ЕУ”.

– Велика Британија не е противник, таа е партнер и пријателска земја, изјави Мишел, додавајќи дека ставот на Унијата е „многу луциден и одлучен”.

Според него, ЕУ нема да дозволи Лондон да развие стратегија на дампинг и на тој начин да се обиде да им причини штета на европските економии.

Велика Британија денеска на полноќ официјално излегува од членството на Европската унија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот