фото: РК Еурофарм Пелистер

Шампионот Еурофарм Пелистер му гостува на Вардар во дербито на Суперлигата

Дербито на македонската ракометна Суперлига помеѓу екипите на Вардар 1961 и актуелниот шампион Еурофарм Пелистер ќе се игра денеска од 19.00 часот во СЦ „Јане Сандански“ – Скопје.

Досега оваа сезона, битолската екипа ги доби сите три дуели, два се играа на подготвителни турнири, а беше подобар и во Суперкупот.

Тренерот на Вардар 1961, Иван Чупиќ, не става премногу акцент на вечерашниот дуел:

Дерби како и секое друго, секогаш сакаш да победиш. Не е натпревар како другите. Се подготвуваме да се бориме за два бода, ништо повеќе и ништо помалку од тоа. Оваа година ќе играме многу вакви натпревари, не само со Еурофарм Пелистер. Секој натпревар може да направи разлика за нашата цел, а тоа е освојување на титулата. Веќе не размислуваме за Суперкупот, ниту за пријателските турнири. Знаеме дека сме во добар момент, први сме на табелата со четири победи. Знаеме дека нè очекува голем натпревар со нашиот најголем ривал. Се подготвуваме за победа пред нашата полна публика, за да го продолжиме маратонот кон титулата – вели Чупиќ.

Суперлига

Денеска, двојки:

17.00 часот Алкалоид – Прилеп
18.00 часот Бутел Скопје – Еурофарм Пелистер 2
18.00 часот Тинекс Пролет – Куманово
18.30 часот Охрид – Тиквеш
19.00 часот Струга – Радовиш
19.00 часот Вардар 1961 – Еурофарм Пелистер

Преземено од: Спорт.ком.мк

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот