Шаќири: Наскоро ќе биде готов учебникот по Историја и општество

Учебник по историја и општество / Фото: ,,Слободен печат'' / Драган Митрески

Оваа година во средните и основните училишта се доставени повеќе од 1,5 милиони учебници, а тоа се должи на новите реформи, новите наставни програми, изјави минатата недела министерот за образование и наука, Јетон Шаќири во утринската програма „Слободен печат“ на Слободна ТВ. Шаќири очекува наскоро да биде готов и учебникот и по Историја и општество бидејќи пријавени се кандидати за рецензија.

Министерот повторно апелираше до сите наставници кои имаат забелешки за учебникот да се вклучат како рецензенти за да придонесат во изработката на учебникот и нивните забелешки да бидат земени предвид.

Тој додаде дека таму каде што недостигаат учебници, учениците имаат материјали од Бирото за развој на образованието и тие им се доставени на 1 септември.

– Кога зборуваме за учебници, остана само за еден предмет и тој е во завршна фаза. На последниот повик имаме пријавени рецензенти и за брзо време и тоа ќе се заврши. Очекувам според законските рокови, Националната комисија за учебници да ги евалуира кандидатите, да ги одобри, но децата имаат материјали и тие се доставени од БРО според наставната програма за Историја и општество, изјави Шаќири во петокот, одговарајќи на новинарски прашања.

БРО ги достави наставните програми за седмо одделение

Оваа учебна година шестоодделенците не ги добија навреме учебниците, бидејќи Бирото за развој на образование  наставните програми ги достави во март годинава и поради тоа, учебниците беа доставени до училиштата кон крајот на октомври. Министерот Шаќири побара од Бирото навреме да ги достави наставните програми за 2024/2025 за седмо одделение, за да не доцни  постапката за изработка на нови учебници, кои ќе бидат изработени по новата Концепција за основно образование.

До сите училишта во Скопје се доставени учебници, Шаќири апелира да не се доцни со наставните програми за следната учебна година

 

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот