Шахпаска: Стручната и посветена работа со лицата со попреченост важна во нивната рехабилитација

Јагода Шахпаска /Фото: Министерство за труд и социјална политика
Стручната и посветена работа со лицата со попреченост е исклучително важна во процесот на нивната рехабилитација и подобрување на психофизичкото здравје, напиша попладнево министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска на Фејсбук.
-Вработените во Дневниот центар за лица со попречености во Кавадарци им помагаат на 15 лица да се оспособат за извршување на секојдневните обврски. Работат одделно со секое лице развивајќи ги неговите специфични вештини. Исто така, преку нова програма, Дневниот центар им овозможува развивање и унапредување на компјутерските вештини, пишува на Фејсбук профилот на Шахпаска.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот