
Шабан Салиу: Шуто Оризари ќе блесне, улиците ќе бидат безбедни
Шабан Салиу, кандидат за градоначалник на Шуто Оризари и претседател на Демократските сили на Ромите (ДСР), вчеравечер одржа средба со симпатизери и членови на ДСР, на која детално говореше за столбот „Инфраструктура и урбан развој“ од изборната програма.
Препорачано
На настанот беа презентирани конкретни мерки за брза и транспарентна инфраструктурна обнова, со акцент на безбедноста на граѓаните и рамномерниот развој на сите населби, се наведува во соопштението од ДСР.
Во своето обраќање, Салиу истакна дека општината мора да им обезбеди на жителите основни стандарди за достоинствен живот: асфалтирани и поврзани улици, сигурни пешачки патеки и јавни простори што штитат – особено околу училиштата, градинките и пазарите. Притоа беше најавен динамичен план на фази за забрзана реконструкција по населби, со јавно достапни визуелни извештаи и датум на завршување за секој проект, за резултати што се гледаат.
Посебно внимание беше посветено на пешачката безбедност преку воведување коридори со ниска брзина и физички бариери, дополнително улично осветлување и видеонадзор во координација со полицијата, како и образовни кампањи во кои учениците ќе бидат „мали амбасадори на безбедноста“.
„Шуто Оризари заслужува инфраструктура со мерка, ред и сигурност. Нашата програма носи јасни рокови и работа од Шуто Оризари за Шуто Оризари. Не ветуваме – остваруваме. Затоа повикувам на мобилизација, за глас што се слуша и резултати што се гледаат, заокружете 24“, порача Шабан Салиу.