фото: EPA-EFE/Rodrigo Jimenez

Севиља и Виљареал во трката за потписот на македонскиот голман Столе Димитриевски

Скоро пет години Столе Димитриевски ги брани боите на шпанскиот фудбалски клуб Рајо Ваљекано каде важи за еден од омилените играчи кај навивачите на тој тим.

Можно е следното лето нашиот репрезентативен голман да го напушти Рајо Ваљекано, а наводно два клуба од „Ла Лига“ покажуваат интерес за услугите на Македонецот.

Како што пренесува новинарот Фабрицио Романо, 29-годишниот чувар на мрежата е веќе на листата на Севиља и Виљареал за следната сезона како потенцијален слободен агент.

Важечкиот договор на Димитриевски истекува на 30 јуни 2024 година и моментно неговата вредност според „Трансфермаркт“ изнесува четири милиони евра.

Димитриевски веќе од јануари има право да преговара за можна преселба во Севиља или Виљареал, а дали на крајот ќе потпише за некоја од двете екипи или не, останува да се види.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!