Северна Кореја не им одговори на САД за уапсениот Американец

Парада во Северна Кореја / Фото: EPA-EFE/KCNA

Северна Кореја не одговори на обидите на САД да разговара за американскиот војник, кој ја преминал границата меѓу двете Кореи, изјавија официјални лица во Вашингтон, додавајќи дека изгледите за негово брзо ослободување се нејасни во време на високи тензии меѓу двете земји и неактивни канали за комуникација.

Војникот Тревис Кинг (23), кој беше упатен во САД по отслужувањето на затворската казна во Јужна Кореја за напад, пред два дена влезе во Северна Кореја како дел од цивилна тура на пограничното село Панмунџом.

Тој на 17 јули беше придружуван до аеродромот, но не се качи во авионот. Не е познато како ги поминал часовите помеѓу неговото пристигнување на аеродромот и неговата обиколка на Панмунџом.

Војската на САД дури кога авионот слетал во Тексас сфатила дека го нема Кинг.

Тој е првиот Американец, за кој се знае дека е приведен во Северна Кореја во изминатите пет години.

Мотивот на Кинг за преминувањето на границата не е познат.

Кинг во февруари беше осуден на затворска казна поради напад врз маж и оштетување на полициско возило.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот