
Северина заврши во полиција: По пријавата, пејачката откри што стои зад сè
Центарот за социјална работа на Максимир во Хрватска кон средината на април поднел пријава против пејачката Северина Вучковиќ поради нарушување на јавниот ред и мир.
Препорачано
Северина, според извештајот, ја навредувала и омаловажувала службеничката во Центарот за социјална работа, а пејачката сега првпат јавно проговорила за тоа, признавајќи дека била во полиција на разговор по овој повод.
– Единствено што е точно е дека бев во полиција затоа што наводно „сум навредувала службено лице“. Пријава сè уште нема, колку што јас знам, а претпоставувам дека би знаела. Бев во Јавното обвинителство затоа што ме пријавиле поранешната управителка на таа Поликлиника и сегашната директорка на тоа училиштет во кое децата ќе ги запишува без приемен. Јас секогаш одам уредно, разговарам со органите на редот, тие ми се заблагодаруваат, јас им се заблагодарувам, ми велат дека сум доста опширна во своите изјави и тоа е тоа – изјавила Северина во интервјуто за хрватска „Глорија“ и со тоа потврдила дека имало инцидент.
Загрепската полиција издаде соопштение во кое објасни што се случило.
– Ве известуваме дека полициски службеници на Полициската управа на Загреб ја завршија криминалистичката истрага за 50-годишна жена, поради сомнение дека сторила прекршок опишан во член 17 од Законот за прекршоци против јавниот ред и мир на штета на вработена во Центарот за социјална работа Загреб, па обвинителниот предлог ќе биде поднесен до Општинскиот суд за прекршоци во Загреб по редовен пат – информирале за медиумите од загребската Полициска управа.
ВИДЕО | Матурска забава: Погледнете како изгледала Северина на 19 години