Фото: Инстаграм

Северина добила нова пријава поради напад на социјална работничка

Хрватската пејачка Северина Вучковиќ добила нова пријава, дознава „24 сата.хр“. Според пишувањето на хрватскиот портал, Центарот за социјални работи пред два месеца поднел пријава за нарушување на јавниот ред и мир против споменатата пејачка до Полициската управа во Загреб. Пријавата наводно е поднесена за навреди и омаловажувања на службено лице.

Пејачката телефонски се јавила во Центарот за социјални работи и „вербално и агресивно се однесувала кон социјалната работничка во предметот“, стои во извештајот, пишува „24 сата“. Сплитската пејачка наводно не користела соодветен речник при разговорот со службеното лице.

Социјалната работничка која вербалниот напад го смета и како еден облик на насилство, тврди и дека Северина го навредувала Центарот за социјални работи. Во текот на разговорот, жената наводно ѝ објаснила на пејачката дека Центарот треба да реагира на секоја пријава со сомнеж на насилство.

„Меѓутоа, нејзе не ја интересира што има да се каже, туку продолжува: Да ви ја е..м мајката на сите вас, ова е зае…..е, ме зае….ат девет години и сега е доста“, ги прераскажала социјалните работничка зборовите на познатата пејачка, дознава „24 часа“.

Споменатиот портал стапил во контакт и со загрепската полиција, која потврдила дека спроведуваат истрага за казнено дело.

„Полициските службеници на Полициската управа на Загреб го завршија криминалистичко истражување против 50-годишна жена поради сомнение дека сторила прекршок опишан во член 17 од Законот за прекршоци против јавниот ред и мир на штета на вработена во Центарот за социјални работи Загреб, па обвинителниот предлог ќе биде поднесен до Општинскиот суд за прекршоци во Загреб.

Пресврт во борбата за старателство: На Северина ѝ го вратија синот по две години

Северина го осудува српскиот патријарх: Нека се помоли за спас на својата душа, ќе му треба

Поповиќ првпат откри шокантни детали за Северина: Детето не го носеше 46 дена во училиште, ќе повторуваше година

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот