Северен тек им бара повеќе од 400 милиони евра на осигурителните компании поради експлозиите од 2022 година

Фото: EPA-EFE/CLEMENS BILAN

Северен тек АГ бара повеќе од 400 милиони евра од своите осигурителни компании поради експлозиите што се случија во 2022 година кога беа оштетени гасоводите наменети за транспорт на руски гас во Германија, се наведува во судските документи.

Северен тек АГ ги именуваше осигурителната компанија „Лојдс“ и осигурителната куќа „Арч (ЕУ) ДАЦ“ како обвинети во тужбата поднесена пред Високиот суд во Лондон минатиот месец.

Во судските поднесоци се наведува дека сегашната прелиминарна проценка на Северен тек за трошоците за одводнување и стабилизација на гасоводот, целосна поправка и замена на изгубениот инвентар е помеѓу 1,2 и 1,35 милијарди евра.

Во тужбата на Северен тек се наведува и дека еден од гасоводите изгледал „осакатен и деформиран“ на едно место каде што бил оштетен, но на друго место „изгледал мазно и како да е исечен“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот