Сенатот со процес за отповикување на Трамп, Бајден ќе бара оставки од обвинителите што тој ги именуваше

epa08990289 US President Joe Biden walks on the South Lawn of the White House before boarding Marine One in Washington, DC, USA, 05 February 2021 for a trip to Wilmington, Delaware. EPA-EFE/Oliver Contreras / POOL

Администрацијата на претседателот Џозеф Бајден ќе почне процес на промена на американските обвинители кои ги именуваше неговиот претходник Доналд Трамп и чие именување го потврди сенатот, јави агенцијата „Фокс њуз“. 

Според одделни извештаи министерството за правда на САД ќе побара од повеќето обвинители кои ги именуваше поранешниот претседател на САД Трамп да поднесат оставки. Но, обвинителот на сојузната држава Делавер Дејвид Вајс, кој ги истражува бизнис активностите на синот на американскиот претседател Хантер Бајден, нема да биде сменет од функцијата.

Обвинителот од кентаки Џон Дрхам ќе остане на функцијата специјален обвинител, кој го истражува потеклото на истрагата за поврзаноста на Трамп и Русија, но од него веројатно ќе се бара да поднесе оставка од функцијата државен обвинител.

Бајден на седми јануари го именуваше Мерик Гарланд за државен обвинител на САД. Државниот обвинителе надлежен за водење на Министерството за правда и ги координира разузнавачките агенции, вклучувајќи го Федералното биро за истраги (ФБИ“.

Американскиот претседател нагласи дека во декември дека нема да се меша во работата на Министерството за правда, со напомена дека тоа „не е сопственост на претседателот туку на народот.

Денес пак  Сенатот почнува судски процес за отповикување на поранешниот американски претседател Доналд Трамп, постапка што ја отвори Претставничкиот дом пред заминувањето на Трамп од Власта. Тој е единствениот американски претседател кому Долниот дом на Конгресот на двапати му изгласуваше импичмент. Пред него, Претставничкиот дом ги отповика претседателите Ендру Џонсон во 1868 година и Бил Клинтон во 1998 година, но Сенатот потоа ги ослободи од обвинение.

Сенатот денеска започнува со судскиот процес за отповикување на Трамп

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот