Семејството на жената убиена во нападот во Капитол бара отштета од 10 милиони долари

Фото: EPA-EFE/VARIOUS

Семејството на Ешли Бабит, жената која е убиена во зградата на Капитол на 6 јануари за време на немирите, планира да ја тужи полицијата во Капитол за прекумерна употреба на сила и фактот дека полицаецот што ја уби не даде никакво предупредување пред да го повлече чкрапалото, и ќе побара отштета од 10 милиони долари.

Бабит е единствената личност која беше застрелана на 6 јануари, кога илјадници приврзаници на поранешниот претседател Доналд Трамп упаднаа во зградата на Конгресот во знак на протест против изборните резултати.

Нејзиното семејство изјави дека видеото покажува дека полицаецот кој ја убил Ешли не дал никакво предупредување и дека полицијата за Капитол е одговорна за нејзината смрт, објави „Дејли Меил“.

Семејството за „Вашингтон егзаминер“ изјави дека ќе ја тужи полицијата за прекумерна употреба на сила и ќе побара десет милиони долари надомест.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот