Фото: Принтскрин/ТикТок

Семејство на вратата ставило предупредување за опасното куче во домот, видеото откри урнебесна глетка од дворот

Сопствениците на златниот ретривер на вратата од дворот од семејната куќа поставиле знак за предупредување за сите потенцијални провалници и несакани гости, на кој кратко и јасно пишува: „Внимавај, куче“.

Сепак, видеото кое е објавено на ТикТок откри што кучето всушност прави во дворот од куќата додека треба да ги обавува своите работи како пес чувар.

„Не ми јасно зошто семејството воопшто го поставило знакот“, се пошегува авторката на видеото кое го покажува кучето како со очила за сонце ужива пливајќи во семејниот базен.

@jessandcoop he scares off everyone #animals #retrieverlife #goldensoftiktok #petlife ♬ original sound – aileen

„Знакот веројатно го поставило кучето, со цел никој да не му пречи“, изјави еден корисник

„Му недостасува само маргарита во шепата“, додаде друг.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот