Селтик за рекордна сума во јануари го купува Миовски?!

Бојан Миовски („Абердин“)/фото: instagram.com/aberdeenfc

Шкотскиот фудбалски гигант Селтик размислува во јануари да го ангажира најдобриот стрелец на Абердин, Бојан Миовски, пренесува „Сан“.

Менаџерот на Селтик, Брендан Роџерс го гледаше 24-годишниот македонски репрезентативец на секој домашен натпревар оваа сезона.

Водечкиот во шкотската Премиер лигата ќе мора да собере рекордна сума за да го доведе нашиот напаѓач. Изворот вели дека Абердин ќе бара највисока сума до сега меѓу двата шкотски клуба.

Миовски се проценува на повеќе од 4,4 милиони фунти, минатата сезона постигна 18 голови, а во тековната веќе има 11.

Роџерс има намера да го освежи нападот на Селтик, а од друга страна би можел да го загуби јапонското дуо Кјого Фурухаши и Даизен Маеда, плус и Јужнокореецот О Хјеон-гју на еден месец за време на Азискиот куп во текот на јануари и февруари.

Миовски го следат и англиски клубови, во текот на летото заинтересиран беше Саутемптон, а во трката се приклучија и други членови од Чемпионшип.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот