Селена Гомез / Фото: EPA-EFE/ANDRE PAIN

Селена Гомез за желбата да стане мајка: „Се надевам дека еден ден тоа ќе бидам јас“

Пејачката и актерка Селена Гомез на социјалните мрежи ја сподели својата искрена желба дека навистина сака да стане мајка, пишува „Пипл“.

Во фотографија споделена на Инстаграм, таа ја слави својата улога во продолжението на серијата „Волшебници од Вејверли Плејс“. Зборувајќи за својот лик, таа напипа: „Алекс Русо е мајка. Се надевам дека еден ден ќе станам“.

Фото: Принтскрин / Инстаграм

Во серијата беше откриено дека Алекс е мајка на Били Русо, која ја игра Џенис Лиан Браун. По емитувањето на епизодата, Гомез и Браун зборуваа за нивната врска за време и надвор од снимањето.

„Беше многу емотивно, и за мене и за неа“, рекла Браун во едно интервју.

Гомез дополнително нагласува дека ликот што го игра многу ја обликувал, бидејќи тврди дека се чувствува како Алекс.

Во претходен подкаст со Џеј Шети, Гомез и нејзиниот сопруг Бени Бланко рекоа дека едвај чекаат да основаат семејство.

„Не знам што ќе се случи, но ги сакам децата. Обожавам да ги насмеам децата, тие се толку слатки. Кога ќе дојде тој ден, ќе бидам толку возбудена“, рекла таа.

Бланко додал дека кога Гомез ќе види деца, веднаш оди кон нив и разговара со нив со часови.

Се огласи Франсија Раиса: Пред осум години ѝ донираше бубрег на Селена Гомез, а сега не била поканета на свадбата

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот